недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен дилер од Битола

Уапсен дилер од Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.И.(30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Полициски службеници вчера во Битола извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Воедно, при преземени мерки било утврдено дека на 26.10.2018 пријавениот на Х.Б. му дал наркотични средства, заради натамошна продажба на други лица.