На Граничен премин „Јажинце“ вчера во 20:10 часот од слобода бил лишен Џ. Б. (51) од село Чајле, гостиварско, поради тоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „Апси“ за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик.
Подоцна, тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Чегране за понатамошна постапка.