По безмалку два дена бегство, уапсен е гостиварецот осомничен за вчерашното свирепо убиство на својата 60-годишна сопруга.
Од СВР Тетово информираат дека тој е уапсен во близина на гостиварското село Страјане.
За време на приведувањето не давал отпор.
Тој вчера рано утрината ја згрози јавноста во Гостивар, по информациите дека со секира и пресудил на сопругата.