На 08.11.2021, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода А.Б.(33) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение дека во претходниот период од куќи на подрачјето на Свети Николе извршил седум кривични дела „тешка кражба“, при што одземал разни предмети.
Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.
По целосно документирање на случаите, против А.Б. ќе бидат поднесени соодветни пријави.