Денеска (06.09.2023) полициски службеници од ЕВР Гази Баба и Единицата за интервентна полиција го приведоа Е.Б. (28) од с. Арачиново, скопско, поради основано сомнение дека извршил три тешки кражби од товарни моторни возила на кванташкиот пазар во Скопје во текот на јуни и јули.
Во службен разговор Е.Б. ги признал делата и ги појаснил начините на извршување на кривичните дела. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.