На 19.10.2023 во 15.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 33-годишниот гостиварец С.А., кој претходно бил пријавен од 42-годишниот гостиварец Х.А. дека го измамил и му одзел личен предмет.
Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а против С.А. ќе следува соодветен поднесок.