На 15.03.2022 во 23.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.В.(40) од Куманово.
Тој се сомничи дека истиот ден околу 22.00 часот одзел предмети пред влез на стан на ул.„11- ти Октомври“ во Куманово, сопственост на А.Д.(42) од с.Слупчане, општина Липково. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.