среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен македонски државјанин во Виена, се обидел да ја убие својата мајка

Уапсен македонски државјанин во Виена, се обидел да ја убие својата мајка

Жител на Македонија е осомничен дека се обидел да ја убие својата мајка со неколку истрели од огнено оружје во 2017-та година, по што побегнал во Виена.

Австриската служба за криминалистичка истрага (БКА) успеала да го пронајде 24-годишното момче, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите, тој се криел во Виена со години, од каде што се преселил во Велс.

Тој бил уапсен додека го управувал својот автомобил, каде била пронајдена дрога.