четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен манијакот кој се самозадоволувал пред минувачи во Центар

Уапсен манијакот кој се самозадоволувал пред минувачи во Центар

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.Ш.(26) од Скопје, ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело„задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик.

-По превземените оперативни мерки и активности полициски службеници од Единица за насилен криминал го лишија од слобода Е.Ш., а во насока на утврдување на идентитетот на лице коешто во неколку одвоени случаи и за релативно краток временски период, вршело задоволување на полови страсти пред граѓани, случајни минувачи и тоа на 20.01. и 03.02. годинава на бул.„Кочо Рацин во Скопје и на 25- овој месец на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје, информираат од МВР.

По неговото лоцирање и лишување од слобода, од страна на оштетените извршено е позитивно препознавање во присуство на Јавен обвинител.