петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен млад скопјанец баран со централна потерница

Уапсен млад скопјанец баран со централна потерница

Полициски службеници уапсиле лице од скопско Батинци барано со централна потерница за сторени кривични дела, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје синоќа во 22:15 часот на улица „Ленинова“ во Скопје, го лишиле од слобода Б.Р. (24) од село Батинци, скопско.

Тој бил баран по централна потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за спроведување истражна постапка, поради сомнение за сторени кривични дела по член 258 и член 141 од Кривичниот законик, посочуваат од МВР.

На лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.