Денеска (01.06.2022) во 12.40 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода го лишија од слобода Р.М.(22) од Скопје.
За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор од 3 години и 1 месец, за сторено кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 од Кривичниот законик.
Р.М. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.