СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од с.Ерџелија, Свети Николе, поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”, казниво по член 233 од Кривичниот законик, во врска со што се појави и видео на социјалните мрежи.
-За настанот веднаш е известен надлежен Јавен обвинител, согласно член 280 и член 282 од Закон за кривична постапка, по чија наредба е извршен увид, а М.Е. е приведен и со него е извршен разговор. По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство, информираат од МВР.