На 22.07.2020 во 11.45 часот во тетовското село Лавце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.Б.(31) од ова село.
Уапсен е поради сомнение дека на 01.07.2020 околу 18:00 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово извршил кривично дело „убиство во обид“, пукајќи со огнено оружје и ранувајќи го Ш.М.(40) од Тетово.