На 06.08.2023 во 07.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода М.З.(61) од Македонски Брод.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „Зброевка брно “ калибар 22 мм, рамка со 32 куршуми и еден пиштол со рамка со 51 куршуми калибар 7.65мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.