На 02.03.2023 на влезот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н. од с.Трубарево, скопско.
Имено, А.Н. бил сопрен додека со трактор со приколка превезувал поголема количина железо, односно делови од возови и железничка инфраструктура.
Во службен разговор во Полициската станица Драчево А.Н. го признал кривичното дело со појаснување дека предметите ги одземал од железничките пруги во с.Трубарево.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.