петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсена 28 годишна скопјанка – треба да си ја одлежи заслужената казна од две години, еве ги деталите

Уапсена 28 годишна скопјанка – треба да си ја одлежи заслужената казна од две години, еве ги деталите
илустрација

Денеска (07.11.2022) во 15.20 часот на ул.”Нов живот” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Ш.М.(28) од Скопје.

Таа била барана по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години и два месеци за сторено кривично дело “тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.