Регионалниот центар за гранични работи Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против А.Р.(23) и А.Б.(28), двајцата од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик.
Пријавените, на 16.02.2022 во 20.50 часот на автопат Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, движејќи се со патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал првопријавениот, не застанале на знак за запирање од полициски службеници.
Набргу потоа, возилото го оставиле на автопатот и се дале во бегство. Во возилото биле пронајдени девет лица – мигранти (7 од Индија и по едно лице од Авганистан и од Пакистан), а исто така, по преземени мерки и активности биле пронајдени и пријавените кои биле приведени во полициска станица.