сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени две лица за денешниот грабеж на банка во Скопје

Уапсени две лица за денешниот грабеж на банка во Скопје

Двe лица се приведени во врска со денешното разбојништво во банка во центарот на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Во Скопје денеска се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12:35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар, кога три лица со закана со оружје одзеле пари од вработените, се наведува во соопштението од МВР.

Еден од разбојниците со пиштол испукал еден куршум. Во грабежот нема повредени. Полицијата презема дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.