На 18.10.2022 во 18.00 часот во населба „Плитишта“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Д.У.(36) од Струга.
При претрес во куќата што ја користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две рачни бомби, два куршуми со различен калибар, една воздушна пушка „Гамон“, ќеса со марихуана и други предмети.
Тој бил задржан во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.