понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Убиено 17- годишно момче во Ново Лисиче

Убиено 17- годишно момче во Ново Лисиче

Седумнаесет годишниот Х.Н. почина од убодна рана која му ја задал познаникот Т.А. во Паркот на музиката во Ново Лисиче, дознава „Слободен печат“.

Немилиот настан се случил ноќеска, 35 минути после полноќ. На инцидентот му претходела расправија меѓу неколку момчиња со 18-годишниот К.А. кој бил во друштво Д.К. (17). Во еден момент Т.А. извадил нож и му нанел неколку повреди на Х.Н.

Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош и било пренесено во Клиничкиот центар, но поради обилното крвавење починало.

Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па ѝ бил предаден на полициска патрола, пренесува порталот.