Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против малолетник од с.Сенокос, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.
На 18.05.2022 во с.Сенокос, пријавениот со остар предмет му нанел повреда на друг малолетник од истото село.