петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уценувал девојка, а пиштолот го сокрил во автомобилот на неговата сопруга

Уценувал девојка, а пиштолот го сокрил во автомобилот на неговата сопруга
илустрација

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(33) од с.Требош, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Пријавениот во текот на 2020, во повеќе наврати, на девојка од Тетово ѝ  упатувал закани дека ќе објави работи за неа доколку не му исплатела одредена сума пари.

Пријавениот на 24.03.2020 отишол во куќата на оштетената, каде од неа и нејзиниот татко барал да му дадат пари, а при тоа со себе носел и пиштол.

На 25.03.2020 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот во с.Требош, тетовско, при што во дворот на куќата, во паркирано патничко возило „поло“, сопственост на неговата сопруга, под возачкото седиште бил пронајден и одземен пиштол марка „хартфорд“.