Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(20) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Пријавениот, во периодот од 1.август до 2 декември лани уценувал 22-годишна жителка на гостиварско село дека ќе објави фотографии со експлицитна содржина, за што во неколку наврати на оштетената ѝ земал околу 70.000 денари и златен накит.