Минатата ноќ полицијата привела три лица кои кај дискотека во Градски Парк се движеле и со нозе удирале по паркираните возила и истите ги оштетувале.
-Полициски службеници ги забележале лицата К.П. (23), М.С. (21) и Н.В. (20), сите од Скопје, по што се упатиле кон нив за да ги спречат. Кога ги забележале полициските службеници, лицата почнале да бегаат. Полицајцитеуспеале да ги стигнат, по што лицата биле приведени во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.