петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Удрен пешак кај Зајас: Со тешки повреди пренесен во болница

Удрен пешак кај Зајас: Со тешки повреди пренесен во болница

На 18.07.2022 во 21.40 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Зајас, патничко возило „рено сеник“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(58) од с.Лешница, удрило во пешакот А.Ш.(18) од с.Зајас.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.