петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Удрил пешак на „Партизанска“ и избегал- возачот пронајден, жената тешко повредена

Удрил пешак на „Партизанска“ и избегал- возачот пронајден, жената тешко повредена

На булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, вчера во 10.15 часот, патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано до М.Б. (26), удрило во пешакот Н.К. (78) од Скопје и го напуштило местото, но подоцна бил пронајден.

Н.К. била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.