Тешка кражба била извршена во период од 30 април до 2 мај во основното училиште „Страшо Пинџур“ во населбата Даме Груев.
Од полицијата информираат дека непознат сторител од училиштето украл една бронзена биста со ликот на Страшо Пинџур, со димензии 80 х 40 цм. при што е причинета штета од околу 66.000 денари.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
За време на првомајските празници извршена беше кражба и во основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ лоцирано во Кисела Вода, каде од училишниот двор била украдена бистата на Кузман Јосифовски-Питу, висока околу 80 сантиметри.