четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Украл осум велосипеди: 15-годишен крадец приведен во Кавадарци

Украл осум велосипеди: 15-годишен крадец приведен во Кавадарци

На 04.09.2023 во 14:00 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 15 -годишен малолетник од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди различна марка, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, извршени во периодот од 28.06. до 04.09.2023.

Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.