недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Украл регистарска таблица од „Опел вектра“ и ја ставил на друг автомобил „Волво“ – приведен крадецот, следи пријава

Украл регистарска таблица од „Опел вектра“ и ја ставил на друг автомобил „Волво“ – приведен крадецот, следи пријава

На 31.01.2022 во 17.05 часот на ул.„11 Ноември“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од с.Матејче, општина Липково. Тој се сомничи дека на подрачјето на Скопје одзел регистарски таблички од возило „опел вектра“, сопственост на М.Ч. од Скопје и ги поставил на возило „волво“, за кое не поседувал соодветна документација.

Тој бил приведен во полициска станица, а возилото и регистарските таблички му биле одземени. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.