петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Ужасот продолжува: Исчезнаa три малолетни лица од „11-ти Октомври“ и „Ранка Милановиќ“

Ужасот продолжува: Исчезнаa три малолетни лица од „11-ти Октомври“ и „Ранка Милановиќ“

Во Полициска станица Центар, воспитувач во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“, пријавил дека на 27-ми август во 19:30 часот од домот во непознат правец се оддалечила 17-годишна штитеничка. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во 15:30 часот во Полициската станица Гази Баба, вработен во ЈЗУ „Ранка Милановиќ“, пријавил дека на 26.08.2018 година од домот во непознат правец се оддалечиле нивни двајца штитеници на возраст од 12 и 13 години.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетниците.

Исчезнувањето на малолетни штитеници на овие домови, станаа честа појава во последно време.