ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ш.С.(74) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
Тој, во текот на 2021 година, во месноста „Манастирец“, бесправно узурпирал државно земјиште со површина од 29 метри квадратни и нелегално изградил викенд куќа.
Со тоа се стекнал со противправна имотна корист од 57.420 денари.