вторник, 26. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Велешанец сакал да запали казино

Велешанец сакал да запали казино

На 22.12.2019 во 01:00 часот во Велес на ул.„8 Септември“ бил лишен од слобода  Б.Ќ.(56) од Велес, бидејќи се обидел да предизвика пожар во казино.

Додека се обидувал да опожари дел од инвентарот во казиното, тој бил спречен од полициски службеници и бил приведен во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.