понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велешанецот Миле изгоре до смрт во сопствената куќа, телото уште не е најдено

Велешанецот Миле изгоре до смрт во сопствената куќа, телото уште не е најдено

Иако работеа цел ден, крим техничарите на откривање на лешот на велешанецот Миле Паунов и ангажираната механизација на расчистување на гаражот и остатоците од куќата во комплексот Варналиите, се уште не е пронајдено изгореното тело на старецот.

Првите претпоставки беа дека затоа што тој користел само една соба на вториот кат од семејната куќа треба да се пребарува тој дел од купиштата со гараж. Но, до овој момент телото на осумдесетгодишниот велешанец не е пронајдено.

-Се работеше додека не падна мракот но за жал на местото каде се вршеше пребарување а тоа е најладниот дел од куќата не е пронајдено телото на сопственикот на изгорената куќа. На локацијата имало големи количини на гараж. По наредба на Основен јавен обвинител увидот во кој учествува и екипата на СВР Велес е запрен. Ќе продолжи увидот утре недела 22 декември, претпладне, рече портпаролката на МВР Сузања Трањиќ.

Паралелно со потрагата по телото на изгорениот маж денеска се уриваа делови од околните ѕидови на куќата кои останаа по пожарот. Багер  веднаш го изнесуваше шутот од парцелата на која до вчера вечер, 20 декември 2019 година, до 23 часот, куќата постоеше. Тракторите го изнесуваа надвор од плоштадката кај  Варналиите и го транспортираа на градската депонија за шут.

Засега првичните проценки се дека куќата се запалила од кварцна печка на која се греел Миле или од опушок од цигара.

Соседите ноќеска предочија дека Паунов последен пат го виделе околу 19 часот во расправија што на повисок тон ја водел пред куќата.

Извор: ММС.МК