петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велешанка набавила дрога по налог на нејзиниот сопруг кој е во затвор- фатена е при транспортот со друго лице

Велешанка набавила дрога по налог на нејзиниот сопруг кој е во затвор- фатена е при транспортот со друго лице

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава против С.Г.(30), К.Г.(36) и А.А.(41), тројцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено, производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

На 29.10.2022 во 18.30 часот на наплатната рампа Сопот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес извршиле контрола во возило „шевролет спарк“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал А.А., а сопатничка била С.Г., при што во возилото биле пронајдени и одземени 978 грама марихуана и хероин.

По преземени мерки и активности било утврдено дека С.Г. ја набавила дрогата по налог на нејзиниот сопруг К.Г., кој е на издржување казна затвор. Од Судија на претходна постапка на С.Г. и А.А. им е определена мерка притвор.