На 12.12.2019 во 15.30 час. А. Д. пријавил дека во зграда на ул.„Тодор Александров“ во Скопје неговиот сосед Т.Д., по кратка вербална расправија, во ходникот на зградата извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него.
Полициски службеници веднаш по добивање на пријавата излегле на местото на настанот.
Во домот на Т.Д. се пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција, кои се одземени. Т.Д. е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.