Полицијата го пронајде лицето кое вчера за време на полициски час, дивеело со автомобил „БМВ“ на кружен тек во Тетово.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека лицето околу 21 часот и 35 минути на кружниот тек на улиците „Илинденска“ и „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, направил сообраќаен прекршок.
-Станува збор за 28-годишниот Л.А. од Тетово, кој денеска (7 април) е повикан во Полициската станица Тетово и ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Видеото до редакцијата на Курир е испратено од граѓанин.