Министерството за внатрешни работи објави детали и видео за големата акција на шверц на 700 килограми кокаин, во која беше уапсена актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг.
Од МВР велат дека Стојановска е дел од групата која шверцувала кокаин од Колубија во Шпанија, а лидер и организатор бил сопругот Војислав Будисављевиќ.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.
Инаку, на Стојановска ѝ е одреден 30-дневен куќен притвор.