четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Викендов на територија на на СВР Куманово казнети 273 возачи

Викендов на територија на на СВР Куманово казнети 273 возачи

СВР Куманово изминатиов викенд санкционираше 273 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи, информираа денеска од кумановската полиција.

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи од кои 210 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 35 санкции биле изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола, 14 возачи не користеле заштитна опрема-кацига и три санкции биле изречени за нерегистрирано возило.

Сообраќајните контроли продолжуваат и наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Куманово.