петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Викендов во Скопје: 24 сообраќајки, 83 пијани возачи, 46 нерегистрирани возила…

Викендов во Скопје: 24 сообраќајки, 83 пијани возачи, 46 нерегистрирани возила…

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 24 сообраќајни незгоди од кои пет со тешки телесни повреди, пет со лесни телесни повреди и 14 со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 15 лица со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 271 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 83 возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол. Исто така исклучени од сообраќај се и 46 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, 11 возачи поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување и тројца затоа што не дале првенство на минување на пешаци.

Во текот на изминатиот ден издадени се 168 мандатни платни налози, додека 91 возило се подигнати со специјално возило “пајак”.