Вчера во 16,40 часот било пријавено дека во кумановското село Шупљи камен, 15 годишник од село Љубодраг, влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал.
Од страна на полициски службеници и граѓани телото било пронајдено и извадено.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.