среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ВНИМАВАЈТЕ КОГА МИНУВАТЕ ПОКРАЈ ЗГРАДАТА НА МТВ Група насилници напаѓа и ограбува луѓе

ВНИМАВАЈТЕ КОГА МИНУВАТЕ ПОКРАЈ ЗГРАДАТА НА МТВ Група насилници напаѓа и ограбува луѓе

Вчера во 16 часот во полициската станица Центар, 56-годишниот С.Н. од Скопје пријавил дека околу 13 часот на улицата „Кеј Димитар Влахов“ бил физички нападнат од четири лица, кои го истепале со тврд предмет, а потоа му ги украле парите, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Претходниот ден, пак, и 59-годишниот скопјанец Џ.М, пријавил дека бил нападнат и ограбен на истото место.

„На 09.02.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Центар, Џ.М.(59) од Скопје пријавил дека на 08.02.2022 во 14.00 часот на ул. Кеј Димитар Влахов две лица физички го нападнале и му одзеле паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.

Инаку, улицата Кеј Димитар Влахов се протега од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ и поминува покрај МАНУ, МКЦ, МТВ и МВР.