среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Внимавајте, МВР казнува: 38 санкции за непрописно вградени фолии

Внимавајте, МВР казнува: 38 санкции за непрописно вградени фолии

Во периодот од 30.01.2023 до 05.02.2023, министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 38 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.