Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на 02,03, 04 и 05 февруари спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возењето со поголема брзина од дозволената на автопатот Куманово-Велес и обиколницата околу Скопје и при тоа санкционирани се 257 прекршоци. Пет возила се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената, а 45 возила со 50 до 70 километри на час над дозволеното.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.