Во текот на август полицајците при полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово на тетовското подрачје откриле и законски санкционирале вкупно 960 различни видови сообраќајни прекршоци. Просечно станува збор за над 30 прекршоци дневно.
– Во контролните активности, редовни и акциски, поради констатирани прекршоци, билo исклучено 101 возило. Најмногу од исклучените возила (89) имале истечена регистрација до и над 30 дена, кај 9 била утврдена техничка неисправност, а кај 3 претовар. Минатиот месец на ова подрачје од сообраќај биле исклучени и 245 возачи, од кои 159 кои управувале без возачка дозвола, 7 под дејство на алкохол, 31 возач-почетник, 10 со несоодветна категорија, 4 со важечка забрана за управување и 41 кои некористеле заштитен шлем, односно кацига, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според анализата на податоците во СВР Тетово, откриените сообраќајни прекршоци во август, заокружени се со 277 прекршочни, 202 мандатни плaтни налози и 355 писмени опомени. Покрај тоа, времено биле одземени 30 возачки дозволи, а на сообраќајна поука биле повикани 11 лица. (МИА)