СВР Скопје – Единица за недозволена трговија поднесе кривична пријава против А.П.(33) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 28.09.2021, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „сеат“, управувано од пријавениот, при што во багажниот простор биле пронајдени и одземени поголем број шишиња со метадон.