сабота, 13. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во Чаир со пиштол пукано во 33-годишено лице

Во Чаир со пиштол пукано во 33-годишено лице

На 24.08.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје, Е.Б.(33) од Скопје пријавил дека, додека се движел пеш по сервисна улица помеѓу ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“, едно лице испукало неколку пати од пиштол кон него, но не го погодило.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека две зрна завршиле во угостителски објект, едно во објект на бензинска пумпа и едно во помошна просторија на пумпата.

Повредени нема, а извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.