Вчера на патните правци Миладиновци-Штип, Прилеп-Ресен, Градско-Велес и во Свети Николе се случиле четири тешки сообраќајни несреќи во кои тешко се повредени четворица мотоциклисти и една девојка.
На патот Миладиновци–Штип, кај клучката Север-Свети Николе моторцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ј.С. (54) од Тетово излетал надвор од коловозот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Штип.
Вчера на патот Прилеп–Ресен патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А. (51) од с.Братин Дол-битолско се судрил со мотоцикл „хонда“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.Ф. (25) од с.Биџево-струшко. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Мотоциклистот Б.М. (55) од Србија бил тешко повреден откако со моторот „бмв“ излетал од регионалниот пат Градско-Велес во близина кај крстосницата за селото. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Велес.
Во Свети Николе мотоцикл „јамаха“ со кочански регистарски ознаки, управуван од П.А. (29) од Кочани се судрил со товарно моторно возило “фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.П. (61) од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатничката Т.С. (20) од Кочани констатирани во ЈЗУ Свети Николе.