сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во гевгелиско спречен обид за шверц на мигранти во возило со германски ознаки, возачот избегал

Во гевгелиско спречен обид за шверц на мигранти во возило со германски ознаки, возачот избегал

На регионалниот пат од село Мрзенци кон село Прдејци, вчера во 14.00 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор “Богородица“ дале знак за запирање на патничко моторно возило „форд мондео“ со германски регистарски таблички, но возачот не запрел и се упатил во правец на Прдејци.

Како што соопштуваат од МВР, по преземени мерки, возилото набрзо било пронајдено и при преглед во истото и пребарување на теренот, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, додека возачот се дал во бегство.

Известен бил Јавен обвинител и се работи на расчистување на случaјот.  (МИА)