На 24.09.2021 во 23:25 на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода Ф.А.(30) и М.С.(30), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.