Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за сторено кривично дело- неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРМ, при претрес во домот на осомничениот 40-годишник, во кичевското село Лисичане, била пронајдена импровизирана лабораторија за одгледување на растенија канабис и апаратура за производство на наркотична дрога марихуана. Притоа биле пронајдени 15 откорнати растенија со висина од околу еден метар и две млади растенија со висина од околу шест сантиметри засадени во саксија. Во домот на осомничениот била пронајдена и наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 0,14 грама во рачно направени цигари со мешавина со тутун.
Лицето е лишено од слобода и изведено пред судија на претходна постапка. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, стои во соопштението.